Визија на училиштето: Нашата визија е да создадеме институција на професионален кадар, препознатлива по своите критериуми и принципи, за постигнување висок квалитет, одговорност и почитување на етничките и останатите човечки вредности.
Мисија на училиштето: Ние сме училиште со традиција, отворено за нови идеи кои поттикнуваат индивидуалност и креативност, дисциплина и култура во која се почитуваат етничките разлики, повисоки интелектуални способности и образование кое ќе одговори на животните предизвици и во градењето на здрава и чиста животна околина.
Општи цели:
* стекнување знаења, вештини и способности
* развивање свест за критичко прифаќање на општествените и социјалните процеси и појави
* поттикнување критичко и креативно мислење
* рационална и творечка примена на иновации и нови идеи
* применети знаења
* слобода на мислење
* флексибилност и адаптибилност во креирање ставови
* воспитување на лична одговорност
* запознавање со личните права и обврски
* развивање свест за заштита на природата и човековата околина
* развивање на потребата за доживотно учење
* подготвеност за промени
Посебни цели:
* подигнување на квалитетот на наставата
* развивање свест за професионално усовршување на наставниот кадар
* интеграција на ученикот во наставниот процес како творечки субјект
* активна соработка со родителите
* опремување на училиштето со современи наставни средства
* збогатување на библиотечниот фонд со стручна педагошко- психолошка литература
* подобри интерперсонални односи
* утврдување предлог- мерки и други начини за постигнување на редовноста на учениците во наставата
* подигнување на еколош ката свест кај сите структури во училиштето
* самоевалуација на работата на училиштето интегриран пристап во наставата
* подигање на свеста за справување со насилство
* подигање на свеста за иновации и претприемништво во воспитно-образовниот процес
* интензивирање на соработката со родителите (советување на родители)


