• ПРОЕКТ „ЧАС ПО ПРИВАТНОСТ“

    Проектот „Час по приватност“ е во организација на Дирекцијата за заштита на лични податоци и поддржан од град Скопје и Министерство за образование и наука. Во рамките на активностите за реализација на овој проект се вклучени ученици од II-4 и II-7 од СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје кои направија дисеминација на предавањето од Дирекцијата за заштита на лични податоци во училиштето и изработија видео спот со едукативна содржина. Во продолжение можете да ги погледнете презентацијата, видеото и сликите.

    За да ја погледнете презентацијата кликнете на сликата подолу.

    За да го погледнете видеото кликнете → тука.

  • МАКИНОВА 2013

    Во последниве пет години нашата гимназија е постојано присутна на саемот на иновации „Макинова“ и „Еконова“ која секоја година се одржува на Скопскиот саем во рамки на саемот за електроника, металургија, неметали и конструкција - ТЕХНОМА. Како и во изминатите години, така и оваа, учеството на млади умови и таленти од области на природните науки и технологии беше запечатен со златен медал. Ученичката Моника Фиданчевска од II – 7 клас под менторство на Виолета Толева, професор по хемија, на саемот на иновации кој се одржа во периодот од 15 – 19. 10. 2013 се претстави со темата „Добивање на стипса од отпаден алуминиум“. Својата иновација успешно ја презентираше како пред посетителите на саемот така и пред повеќечлената жири комисија. Оваа иновација од еколошка проблематика на Моника и овозможи да се закити со златен медал и со неколку пофалници (СПАТУМ и ЕМИТЕР). (слики во галеријата) Саемот на иновации го посетија и првиот човек на државата, Г-дин Ѓорѓи Иванов и министерот за образование и наука, Г-дин Спиро Ристевски кои се интересираа за творештвото на младите иноватори (види слики во галеријата на фотографии).

  • Е ТВИНИНГ ВИДЕО

    Ова видео е снимено со цел да учествува во натпреварот за еТвининг(eTwinning) видеа, а истовремено за промоција на нашето училиште. Видеото е и можност за наоѓање на партнери за изработка на заеднички проекти, финансирани и помогнати од некој од образовните програмите на ЕУ. Автор на видеото е Елизабета Софрониевска Николовска - амбасадор на еТвининг(eTwinning) програмата за Р. Македонија.

    за да го погледнете видеото притиснете → тука.