Вкупниот годишен фонд на часови во гимназиското образование е следниот:
•во I година 31 (33) часа;
•во II година 33 (35) часа;
•во III година 31-32 (33-34) часа;
•во IV година 29 (31) часа.
Со Наставниот план се утврдени компонентите кои се задолжителни за сите ученици и рамките во кои треба да се движат училиштата при утврдувањето на останатите компоненти на наставниот план. Тоа значи дека на училиштата (директорите, наставниците, учениците) им се дава извесна слобода во креирањето на изведбените наставни планови. Наставниот план е структуриран од четири организациско-содржински компоненти: задолжителни предмети, изборни предмети, задолжителни изборни програми и проектни активности.
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ
ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ
ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ (2 ГОД)
1. Информатичка технологија 2 часа
2. Класични јазици (старогрчки или латински) 2 часа
3. Елементарна алгебра 2 часа
4. Елементарна геометрија 2 часа
4. Говорење и пишување 2 часа
5. Етика 2 часа
Од наведената листа на изборни предмети секое училиште е должно, според интересот и желбите на учениците, како и според своите кадровски и просторни можности и услови, да понуди најмалку три предмети од кои ученикот избира еден. Училиштето ги запознава учениците со листата на изборните предмети во текот на првата година, а ученикот се определува за еден предмет од листата најдоцна до крајот на првата наставна година. Ученикот може да го смени изборниот предмет најдоцна до крајот на првата учебна година (30 август во тековната година) доколку за тоа постојат услови во училиштето. Бројот на учениците за кои може да се организира настава за одделен избран изборен предмет изнесува најмалку 17. Оној ученик кој во учебната 2002/2003 година во прва година избрал и реализирал одреден изборен предмет, во втора година ќе избира и реализира наставен предмет од предложената листа на изборните предмети за втора година, со различна содржина од содржината на предметот што го избрал и реализирал во I година. За секое изборно подрачје во трета и четврта година се утврдени листи на изборни предмети. Секое изборно подрачје содржи две комбинации на изборни предмети. Комбинациите на изборните предмети се утврдени врз основа на логичките и функционалните односи помеѓу сродните научни дисциплини. Со овие комбинации на секој ученик му се дава можност да се развива во оној правец во кој ги покажува и изразува своите желби, интереси, способности, како и да се информира и подготви за соодветни студии. Училиштето е должно да ги информира учениците за можните комбинации на изборни предмети во текот на втората година на школувањето, а ученикот треба да се определи за една комбинација на изборни предмети на крајот на втората наставна година. Ученикот може да ја смени комбинацијата на изборни предмети најдоцна до крајот на втората учебна година (30 август во тековната година), доколку за тоа постојат услови за училиштето. По определувањето за одредена комбинација на изборни предмети, секој предмет од таа комбинација за ученикот станува задолжителен и влијае врз неговиот општ успех и правото за напредување. Најмалиот број на ученици за кои може да се организира настава за една изборна комбинација изнесува 17 ученици или половина од дозволениот број на ученици во една паралелка. За секоја комбинација на изборни предмети, со посебни - изведбени наставни планови се дефинираат бројот, називот, распоредот и фондот на часовите на изборните предмети по години.ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ
1. Физика - 3 часа
2. Хемија - 3
3. Биологија - 3
4. Алгебра 3 часа
5. Линеарна алгебра и аналитичка геометрија - 3
6. Математичка анализа - 3
7. Програмски јазици 2 3
8. Географија - 2
9. Латински јазик - 2
Комбинации (пакети) на изборни предмети: Наставен план - Комбинација А
III година IV година
1. Физика - 3 часа
2. Линеарна алгебра и аналитичка геометрија - 3 часа
3. Алгебра - 3
4. Програмски јазици - 3
5. Математичка анализа - 3
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Електро¬технички, Градежен, Архитектонски, Машински и Природно-математички факултет (информатика, математика и физика.)
Наставен план - Комбинација Б
III година IV година
1. Физика - 3 часа
2. Хемија - 3
3. Биологија - 3
4. Програмски јазици - 2 часа
5. Географија - 2
6. Латински јазик - 2
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Медицински, Земјоделски, Ветеринарен, Технолошки и Природно-математички факултет (хемија, биологија, физика и географија).ЈАЗИЧНО УМЕТНИЧКО ПОДРАЧЈЕ
1. Трет странски јазик (италијански, шпански,
руски, француски, гемански, англиски) 3 часа 3 часа2. Ликовна уметност 2 2
3. Класични јазици (старогрчки, латински) 2 2
4. Музичка уметност 2 2
5. Драмска уметност - 3
7. Компаративна книжевност -
8. Педагогија - 2
9. Психологија - 2
Комбинации (пакети) на изборни предмети:Наставен план - Комбинација А
III година IV година1. Трет странски јазик (италијански, шпански, руски, француски, гемански, англиски) 3 часа 3 часа
2. Класични јазици (старогрчки, латински) 2 2
3. Педагогија - 2
4. Психологија - 2
5. Компаративна книжевност - 2
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Филозофски и Филолошки факултет и на педагошките факултети.Наставен план - Комбинација Б
III година IV година1. Ликовна уметност 2 часа 2 часа
2. Музичка уметност 2 2
3. Драмска уметност - 3
4. Педагогија - 2
5. Психологија - 2
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Факултетот за драмски уметности, Филозофски факултет, Факултетот за ликовна и за музичка уметност.ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ
1. Социологија 2 часа 3 часа
2. Филозофија - 2
3. Педагогија - 2
4. Психологија - 2
5. Историја - 2
6. Економија - 3
7. Вовед во правото - 2
8. Логика - 2
9. Латински јазик - 2
10. Менаџмент - 2
11. Етика - 2
Можни комбинации (пакети) на изборни наставни предмети:Наставен план - Комбинација А
III година IV година1. Економија - 3 часа
2. Вовед во правото - 2 часа
3. Менаџмент - 2
4. Логика - 2
5. Социологија - 2
6. Историја - 2
7. Латински јазик 2
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Економски, Правен, Филозофски и Филолошки факултет.Наставен план - Комбинација Б
III година IV година1. Социологија 2 часа 3 часа
2. Филозофија - 2
3. Историја - 2
4. Психологија - 2
5. Педагогија - 2
6. Етика - 2
Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Филозофски факултет и на педагошките факултети.ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ
• програмата ја реализирал со особен успех
• програмата ја реализирал со многу добар успех
• програмата ја реализирал со добар успех
• програмата ја реализирал со доволен успех
Учениците кои од оправдани причини ќе изостанат од наставата или нема да реализираат дел од програмата, пропуштеното можат да го реализираат во некој договорен термин со наставникот, за време на полугодишниот распуст или на крајот од наставната година, најдоцна до почетокот на следната учебна година. Ученик кој не ги реализирал предвидените изборни програми од неоправдани причини не добива свидетелство за завршена година и нема право на упис во наредната година.ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ
• СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
1. Планинарење
2. Тенис
3. Фитнес
4. Велосипедизам
• ЛИКОВНА УМЕТНОСТ
1. Дизајн
2. Сликарство
• МУЗИЧКА УМЕТНОСТ
1. Хор
2. Оркестар
• КУЛТУРА НА ЗДРАВО ЖИВЕЕЊЕ
1. Унапредување на здравјето: Црвен крст
2. Подобрување на вклучувањето на лицата со специфични потреби: Помош на деца со посебни потреби
• ЛИТЕРАТУРНИ КЛУБОВИ И ДРАМСКИ СЕКЦИИ
Драма
• ПРИРОДНИ НАУКИ – ХЕМИЈА
Хемија
• ПРИРОДНИ НАУКИ – ИНФОРМАТИКА
ВЕБ дизајн
• КУЛТУРА ЗА ЗАШТИТА, МИР И ТОЛЕРАНЦИЈА
Култура за заштита, мир и толеранција
• УРБАНА КУЛТУРА
Урбана култура
• ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Иновации и претприемништво (задолжителна проектна активност)


